Познат доктор посвоил 2 ќерки, а потоа започнал бизарниот експеримент! Уште на 10 години почнал да ги “разубавува“

Loading...

Пластичниот хирург д-р Мајкл Никол и неговата сопруга посвоиле две ќерки, а потоа таткото решил да ги употреби своите вештини и „да ги разубави“.
Првата ќерка почнал да ја „средува“ кога имала само 10 години, откако му се пожалила дека не ѝ се допаѓа папокот.
Сега Чарм и Британи се редовни клиентки на нивниот татко и двете оперирале речиси сè на телото.
Сите операции ги правел исклучиво нивниот татко, за, како што вели, да биде сигурен дека ќе се постигне најдобриот можен резултат.


Никол своите гради ги оперирала уште на 18 години, додека Чарм чекала да наполни 25. Покрај тоа, двете направиле операција на носот, на јаболчниците, задникот и уште многу други делови.


И додека таткото им ги исполнувал сите желби, нивната мајка, Пени, се противела на тие операции.
„Мислам дека е погрешно да им дозволуваме да оперираат сè што не им се допаѓа на себе. Се плашам дека ќе станат зависни од хирургија“, вели мајката.
„Јас не влијаев директно на нив, но факт е дека пораснаа во такво опкружување, каде таквите работи се сосема нормални“, вели д-р Мајк.

loading...