ПОЗНАТ ЛЕПОТАН СИЛУВАН ОД НОВИНАР И ТОА МУ ЈА УНИШТИ КАРИЕРАТА: По СКАНДАЛОТ, се пензионираше, заврши во БОЛНИЦА И СЕ ЛЕКУВАШЕ со години!

Филмот „George of the Jungle“ и франшизата „Mummy“ ќе останат запаметени и по познатиот згоден Брендан Фрејзер, кој беше едно од омилените фаци на Холивуд до 2013 година.

По скандалот со кој за малку ќе заврши неговата кариера, тој исчезна од очите на јавноста. Го обвини поранешниот претседател на холивудската асоцијација за странски печат, Филип Бурк за злоупотреба.

ПОЗНАТ ЛЕПОТАН СИЛУВАН ОД НОВИНАР И ТОА МУ ЈА УНИШТИ КАРИЕРАТА: По СКАНДАЛОТ, се пензионираше, заврши во БОЛНИЦА И СЕ ЛЕКУВАШЕ со години!

Поради овој инцидент, Фрејзер паднал во депресија. Наводно, Бурк се обидел да го СИЛУВА и во тоа успеал, а актерот тврдел дека потоа плачел „како бебе“. За жал, никој не му веруваше, а поранешниот претседател на ХФПА се демантираше.

Од тој момент започна пеколот за Фрејзер, а поради целата ситуација тој не беше ниту поканет на доделувањето на наградите Златен глобус, чиј домаќин е спорното здружение. Беше забранет во Холивуд, а улоги речиси и да немаше.

Не знам дали моето признание предизвика немилост на групата ХФПА. Но, тишината беше застрашувачка – изјави Фрејзер.

Кога телефонот ќе престане да ѕвони во текот на вашата кариера, почнувате да се прашувате зошто. Има многу причини, но дали е ова една од нив? Мислам дека е така – објасни актерот во 2018 година, нагласувајќи дека бил на „црната листа“ на Холивуд.

Згора на се, актерот имал големи здравствени проблеми, па завршил во болница каде имал повеќе операции. Неговото лекување траеше седум години.

Исто така, во 2007 година, тој помина низ тежок развод од неговата сопруга Афтон Смит, кој беше финализиран во 2008 година, но во 2013 година, Фрејзер побара намалување на неговата алиментација од 900.000 долари годишно бидејќи повеќе не заработуваше толку многу поради намалената обемот на работа.

Фрејзер беше главна мета на потсмев и поради својот изглед повеќе пати, бидејќи повеќе не е холивудскиот заводник на кој е навикната публиката. Посебен шок беше неодамна кога мрежите беа преплавени со фотографии од снимањето на филмот „Кит“ каде беше тешко да се препознае познатата убавица.

Многумина беа убедени дека тој се здебелил за улогата, но иако актерот навистина се здебелил, во прашање беше костимот. Сепак, токму оваа улога го врати во центарот на вниманието на јавноста, а филмот предизвика огромно внимание во јавноста, но и овации по проекцијата.

Фрејзер конечно го доби ветерот од опашката што му требаше, а неговиот случај повторно се најде на радарот на медиумите, кои овој пат коментираа дека Фрејзер е првиот човек во јавниот свет кој проговорил за злоупотреба и всушност бил дел од движењето „MeToo уште пред неговото создавање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.