ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР СКОКНА ОД ОБЛАКОДЕР! Најави затворање на 150 ПРОДАВНИЦИ и отпуштања, па се самоуби!

Директорот на компанијата „Бед, бат енд бијонд“, чија вредност се проценува на 8 милијарди долари, скокнал од облакодерот „Денга“ на Менхетен.

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР СКОПНА ОД ОБЛАКОДЕР! Најави затворање на 150 ПРОДАВНИЦИ и отпуштања, па се самоуби!

Мажот кој на 2 септември скокна од 18-тиот кат на кулата Џенга во Менхетен, Њујорк, е идентификуван како Густаво Арнал, главен финансиски директор на американскиот синџир продавници за малопродажба Bed Bat & Beyond. Повиците во врска со скокот дошле околу 12:30 часот на 2 септември, според портпаролот на полицискиот оддел на Њујорк (NIPD), се вели во извештаите.

Инцидентот се случува само два дена откако компанијата ги објави плановите за затворање на голем број продавници, 150 од нејзините околу 900 продавници и отпуштање на 20 отсто од својот персонал.

Арнал, наводно, продаде повеќе од 42.000 акции во компанијата, која често се идентификува како „меме-акција“, за 1 милион долари пред нешто повеќе од две недели, објави MarketBeat.com. Арнал тогаш поседуваше 267.896 акции на компанијата во вредност од нешто помалку од 6,5 милиони долари.

Арнал се приклучи на „Bed Bat & Beyond“ во 2020 година кога компанијата веќе се бореше поради пандемијата на Ковид. Пред тоа, тој беше финансиски директор на лондонскиот козметички гигант Avon, а исто така беше во Proctor & Gamble 20 години.

Кога Арнал се приклучи, портпаролот на компанијата рече дека добиваат талент од светска класа кои може да понудат нова експертиза, перспективи и искуство додека фирмата го обновува својот бизнис, и дека Арнал е пример за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.