Поинакви посни сарми

1 главица кисела зелка
200 г праз
200 г јачмен
200 г леќа
100 г просо
1 главица кромид
1 црвена пиперка
1 морков
1 лажичка кари
1 ловоров лист
масло, сол и мелен црн пипер
Јачменот, просото и леќата убаво измијте ги и оставете ги во топла вода додека ги подготвувате другите состојки.
Кромидот ситно исечкајте го, празот исечкајте го на кругови, морковот изрендајте го, а потоа се запржете заедно на малку масло.
Во сад ставете ги исцедените житарки и запржениот зеленчук. Додадете ја ситно исечканата пиперка, сол и црн пипер и промешајте го филот. Виткајте помали сарми и редете ги во тенџере обложено со ситно исечена зелка.
Наросете го карито и додадете го ловоровиот лист. Прекријте со исечена зелка и додадете вода за да ги прекрие сармите. Варете 90-тина минути на умерен оган.

 

Loading...