Покераши

Четворица другари играле покер кога едниот од нив на едно делење изгубил 2000 евра. Од преголем стрес кутриот добил срцев удар и починал на лице место. Другарите одкако од почит ја довршиле партијата стоечки, почнале да размислуваат кој и како ќе и соопшти на жената од покојниот. Влечеле ждребка и откако едниот од нив ја извлекол најмалата, останатите го предупредиле да биде внимателен и дискретно да ја соопшти лошата вест. Се сложиле и тој се нацртал пред вратата на сопругата.
– Добро вечер. Вашиот маж пред малку загуби 500 евра на карти.
Жената видно изнервирана:
– Ма кажи му нека цркне и да не се враќа дома вечер!!
– Во ред, ќе му пренесам!!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.