Политичката несигурност во Италија предизвика пад на цените на Волстрит

Loading...

 Во понеделникот на Волстрит цените на акциите паднаа по најголемата дневна стапка во последните три месеца, бидејќи исходот на италијанските парламентарни избори може да го забавата одвивањето на реформите во оваа важна земја членка на еврозоната.Така индексот Dow Jones ослаби за 1,55 отсто, на 13.784 поени, додека индексот S&P 500 падна за 1,83 проценти, на 1.487 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,44 отсто, на 3.116 индексни поени.За индексот S&P 500 тоа беше најголемиот дневен пад од почетокот на ноември минатата 2012 година, при што првпат од почетокот на овој февруари потона под психолошката важна бариера од 1.500 индексни поени.Дефанзивното однесување на инвеститорите е производ на италијанските парламентарни избори. Според последните информации на коишто реагираа инвеститорите на Волстрит коалицијата на левиот центар на Пјерлуиџи Берсани имаше мала предност пред коалицијата на десниот центар на поранешниот премиер Силвио Берлускони во трката за долниот дом на италијанскиот парламент, додека ниедна партија или коалиција не може да состави убедливо мнозинство во Сенатот.Инвеститорите стравуваат дека ваквата распределба на пратеничките мандати во италијанскиот парламент ќе доведе во слепа улица и нема да даде стабилен резултат кој на Италија и’ е неопходен за да може да се справува со сé подлабоката рецесија, невработеноста и големиот јавен долг. Овој исход ги поттикнува стравувањата од продлабочување на должничката криза во третата според обемот економија во еврозоната.Најмногу во понеделникот паднаа цените на акциите на банките, поради стравот меѓу инвеститорите дека премногу се изложени на големиот долг на Италија. Така индексот KBW на банкарскиот сектор потона за 2,7 отсто.Инвеститорите на Волстрит ги загрижува и политичката нестабилност на домашниот американски терен. Доколку републиканците и демократите во Вашингтон до петок не постигнат договор за намалување на буџетот, ќе следи автоматското кастрење на буџетските трошоци, во износ од 85 милијарди долари, што може да нанесе штети на економијата.
Макфакс Во понеделникот на Волстрит цените на акциите паднаа по најголемата дневна стапка во последните три месеца

loading...