Полицаец прегазен од мотоциклист во Хиподром

Вчеравечер во 22.30 часот на Железнички премин на ул.“Благоја Стефковски“ во населба Хиподром, Скопје, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл “Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во полициски службеник кој извршувал службении дејствија.
Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Loading...