Полициска станица во Атина нападната со Молотови коктели

Loading...

Група од околу 30-ина лица нападнаа ноќта кон петокот полициска станица во грчката престолнина Атина во квартот Егзархија, соопшти тамошната полиција.

Во зградата на полициската станица биле фрлени неколку Молотови коктели. Пламенот го оштетил влезот во полициската станица и неколку патролни возила. Нема информации за повредени. Некој не е уапсен во потерата по напаѓачите.
 
Квартот Егзархија е популарен меѓу анархистите и таму повремено доаѓа до судири со полицјата.
Макфакс
Група од околу 30-ина лица нападнаа ноќта кон петокот полициска станица во грчката престолнина

loading...