Полицијата врши претрес и во Гевгелија

Loading...

Полицијата во моментов врши претрес во работните простории на обвинителката Катица Јанева во СЈО. Како што дознава „Слободен печат“, претрес се врши и во нејзиниот дом во Гевгелија.
Обвинителката Јанева беше уапсена предмалку во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Рускоска.


Јанева вчера беше на распит во Обвинителството во врска со случајот Рекет, каде, како што информираше таа, била повикана во својство на сведок.

loading...