Полицијата не утврдила основ за натамошно гонење на Галетановски

Loading...

Од извори во полицијата НОВА дозанава дека по дадената изјава на Галетановски е утврдено дека нема основа за негово кривично гонење. Во случајот на Галетановски полицијата постапи по пријава поради неговиот ФБ пост во кој повикува гласачите кои не го признаваат уставното име на Република Северна Македонија да ја пречкртаат придавката Северна на гласачкото ливче.
Галетановски за sdk.mk вели дека денеска околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава во врска со објавата на Фејсбук.
„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, вели Галетановски.
Во случајот со објавите на Фејсбук и на Твитер поврзани со гласањето на целата јавност е јасно дека станува збор за шеговити постови во кои нема кривично дело. Токму тоа е евидентирано од страна на полициските службеници. Ова вечерва го објави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Слајанка Петровска на Фејсбук, откако директорот на Зоолошка градина во Скопје беше повикан на информативен разговор во полициска станица поради објава на неговиот Фејсбук профил.
„Нема да дозволам лаги и невистини да се шират, ниту пак да се гуши слободата на било каков начин. Живееме во демократска држава во која слободата на изразување не е кривично дело. Така и ќе остане“, напиша Петровска.
За слично дело во полицијата стигнале и пријави за професорот Ѓорѓи Спасов и активистот Боби Илиевски. Од полицијата, исто така, додаваат дека пријави за прекршување на изборните правила се добиени и за Миленко Неделковски, за Богдан Илиевски-Бетмен и за Љупчо Златев.

loading...