Полнети домати

8 средни домати
1 главица кромид
200 г ориз
200 мл кисела павлака
100 мл + 3 лажици масло
сечкан магдонос
2 лажички сув зачин
1/2 лажичка куркума
сол и мелен црн пипер
Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на 100 мл масло, додадете го оризот и вода да го прекрие. Додадете сечкан магдонос и варете на тивок оган со често мешање. Откако оризот ќе омекне посолете, наросете црн пипер, и додадете куркума и кисела павлака.
Доматите измијте ги, отсечете им ги деловите околу рачката (капаците), издлабете ги и наполнете ги со ориз. Покријте ги со капаците, и наросете сув зачин и мелен црн пипер. Попрскајте со преостанатото масло и печете 40 минути на 220 степени.

Loading...