Потребни состојки:
4 компири
1 шолја сечкани маслинки
200 г пилешко филе
1 лажица сенф
2-3 кисели краставички
2 лажици пченка
1-2 лажици грашок
100 г сланина
2 чешниња лук
Сол и бибер
1 лажица оригано
Кечап
Мајонез
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите. Замотајте ги со алуминиумска фолија и премачкајте ги со масло од внатрешната страна. Ставете ги да се печат на 190 степени. Извадете ги од рерна и оставети ги да се изладат, но не ја одмотувајте фолијата.
Испржете ја ситно исечканата сланина и лук. Додајте ги ситно исечканите кисели краставички, грашок, пченка и маслинки. Додајте зачини по вкус и тргнете од оган.
Исечете го пилешкото на парчиња, додајте сол и зачини по желба. Пропржете го и додајте сенф. Додајте го и зеленчукот во компирите.
Изладениот компир исечете го по должина, извадете ја внатрешноста и наполнете ја со филот. Полнетите компири сервирајте ги со кечап и мајонез.