Полнети компир палачинки

Loading...

Доколку уживате во готвењето, ова е рецепт за вас.
СОСТОЈКИ:
7 компири
1 главица кромид
500 гр јунешко месо
25 гр путер
160 гр брашно
1 јајце
сол
бибер
малку масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Згответе компири, а потоа замесете тесто од варени компири, додавајќи му јајце, путер, брашно, сол и бибер.
Подгответе фил, така што јунешкото и кромидот ќе ги пропржите на тава. Правете полнети палачики, така што во малку тесто ќе ставите фил од јунешко. Палачинките пржете ги на тава во малку масло. Изладете и послужете.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

loading...