Полнети кременадли

Loading...

4 свински кременадли
500 г лупени компири
1 тиквичка
4 парчиња кашкавал
100 г кромид
150 г мелено месо
100 г домат
100 г сирење
3 чешниња лук
100 г брашно
100 г лебни трошки
2 јајца
350 мл хопла
250 мл млеко
2 лажици сув зачин
масло, сол и  мелен црн пипер

Во тава наредете 2 исечени чешниња лук, тиквичката исечена на ленти по должина и компирите исечени на кругови. Прелијте ги со зачинета мешавина од хопла и млеко, и испечете.
Исечениот кромид, меленото месо и 1 чешне исечен лук испржете ги и тргнете од оган. Зачинете, и во филот додадете ги доматот и сирењето исечени на коцки.
Кременадлите засечете ги на половина и зачинете ги. Нанесете по 1 парче кашкавал и фил, и зацврстете со чепкалки. Свалкајте ги полнетите кременадли во брашно, изматени јајца и лебни трошки, испржете ги и отстранете ги чепкалките.

loading...