Половина тим на Баерн се соочува со суспензија

Loading...

Фудбалерите на Баерн Минхен со победата од 4:0, во првиот полуфинален меч против Барселона, речиси обезбедија пласман во финалето во Лигата на шампиони.

Пред реваншот во Барселона, тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес, ќе размисли со кои играчи да го започне натпреварот, бидејќи дури шестмина фудбалери имаат по еден жолт картон, па доколку добијат опомена во реваншот ќе значи автоматска суспензија за настап во финалето.  По еден жолт картон имаат капитенот Филип Лам, потоа Бастијан Швајнштајгер, Хави Мартинез, Данте, Луис Густаво и Марио Гомез. „Јас ќе се обидам да го составам најдобриот тим, а оние на кои им се заканува суспензија ќе мора да бидат дисциплинирани. Тоа значи да не прават непотребни прекршоци и да не наседнуваат на провокации“, порачал Хајнкес. Возвратниот натпревар Барселона и Баерн ќе го одиграат во среда од 20:45 часот, на „Ноу Камп“ во Барселона.
Макфакс
Фудбалерите на Баерн Минхен со победата од 4:0, во првиот полуфинален меч против Барселона, ре

loading...
Loading...