Пол Вилијамс потврди: Ахмети го ангажирал авторот на Охридскиот договор да изработи „Платформа за меѓуетнички легитимитет“

Пол Вилијамс, американскиот експерт кој е автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за, како што се наведува, непочитување на Охридскиот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата.

На прашање на телевизијата Клан Македонија, Пол Вилијамс и ПИЛПГ потврдија дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Владата и меѓуетнички легитимитет на Владата.

Претходно, на сепартиски собир на 13 јули, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека контактирал со Вилијамс и му ја објасни ситуацијата создадена во Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажира експертот за меѓународно право да подготви предлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.

Пронајдете не на следниве мрежи: