Помагаат за слабеење: Пет намирници богати со протеини

Рестриктивните диети станаа клучни за слабеење, особено кога сакате за краток временски период да изгубите повеќе килограми. Диетата со висок процент на протеини, а низок на јаглехидрати е една од нив.
Овие пет намирници се богати со протеини и можат да ви помогнат при губење на вишокот килограми, пишува Times of India.
Јајца
Ако сакате денот да го почнете со храна богата со протеини, а малку јаглехидрати, вклучете ги јајцата во вашиот појадок. Богати се со протеини, а имаат минимална количина на јаглехидрати. Може да ги подготвите на различни начини и се исклучително здрави.
Млечни производи
Грчкиот јогурт и разните видови кашкавал се многу здрави. Богати се со хранливи материи вклучително и калциум, витамини А и Д, калиум и магнезиум.
Семиња
Бадеми, путер од кикирики, семки од тиква, чиа семе, сончоглед, сите овие семиња се богати со протеини. Содржат низок процент на јаглехидрати поради што се одличен избор ако сакате да слабеете.
Школки
Одличен извор на протеини се школките, но исто така се богати со омега-3 масни киселини и содржат големи количини на одредени микронутриенти како железо, цинк, магнезиум и витамин Б12.
Зеленчук без скроб
Брокула, спанаќ, печурки, пиперки и друго спаѓаат во зеленчук без скроб. Богати се со протеини и се идеална храна за слабеење. Освен тоа, овој зеленчук има и други здравствени предности.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.