Помага ли музиката во вежбањето?

Loading...

Зошто сакаме да слушаме музика додека вежбаме? Многумина од нас не можат да вежбаат без музика, па ги ставаат своите омилени плејлисти на своите мобилни телефони или плеери и заминуваат на трчање, во теретана, на патеката на кеј и слично.
Музиката честопати мислиме дека ни помага во вежбањето со тоа што го намалува напорот и ја зголемува издржливоста. Но, дали е навистина така?
Одговорот лежи во нашите мозоци, не во нашите мускули. За таа цел било извршено интересно истражување каде испитаниците биле натерани да замислат дека вежбаат. Замислената вежба помогнала за зголемување на силата на сигналот од деловите за движење во мозокот до мускулите.
Научниците велат дека штом сфатиш дека огромен дел од вежбањето не е колку брзо или силно ќе вежбаш, туку колку напор ќе внесеш за да започнеш да се движиш си успеал вистински да се справиш со вежбата.  На основа на тоа, тие велат дека музиката има големо значење за вежбањето.
Експертите докажале дека музиката дава придобивки кога станува збор за активности кои имаат одредено повторувачко темпо, како трчање, веслање и слично, додека нема дејство кај активности од типот на џудо или фудбал.
Што значи, музиката ни помага во одржување на темпото, и да издржиме до крај, така што превзема важен дел од наредбите за движење, и ритамот кој патува низ слушните сензори оди до моторните делови, кои се привикнуваат на еден ритам и темпо. Секако, тие се менуваат со промената на музиката.Зошто сакаме да слушаме музика додека вежбаме? Многумина од нас не можат да вежбаат без музика, па ги ставаат своите о

loading...
Loading...