Помалку сон, поголем ризик да се разболите

Loading...

Истражувања покажале дека луѓето кои не спијат доволно имаат поголеми шанси да се разболат од грип и разни вируси бидејќи имунитетот опаѓа и тие стануваат почувствителни.
Докторката Ребека Робинс објаснува што се случува со мозокот кога му даваме само шест часа или помалку сон и колку голема разлика може да направи само еден час повеќе сон.
-Ако една ноќ спиете осум часа, а веќе следниот ден шест и така го менувае ритамот, вие праќате порака до мозокот дека се прилагодувате на друга временска зона. Секое следно заминување во кревет е предизвик за него и го збунувате. Токсините кои мозокот ги испушта можат да доведат до сериозни компликации и проблеми како на пример деменцијата, вели Робинс.
Истражувањата покажале и дека лицата кои не спијат доволно имаат поголеми шанси да се разболат од грип и разни вируси. Да се има точен распоред за спиење и будење е клучно во одржување на здравјето.
-Многумина мислат дека само децата треба да имаат добар ритам на спиење, но тоа е неопходно и за возрасните, додава докторката.
Предлага да не се користи мобилен телефон пред спиење, туку да се одвои некоја минута за медитација.

loading...
Loading...