Понесете си чадор, попладне дожд- еве какво ќе биде времето викендов

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 11 до 21 степен.
Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.


До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло

Loading...