ПОПЛАВИТЕ И ВРНЕЖИТЕ ГО УНИШТИЈА ПАКИСТАН: Загрозени 33 милиони луѓе, 900 загинати! Уништени се 400.000 куќи, раселени 184.000 луѓе

Повеќе од 33 милиони луѓе се погодени од обилните врнежи и големите поплави во Пакистан.

Од јуни, повеќе од 900 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, повеќе од 400.000 куќи и станови се уништени низ целата земја, а 184.000 луѓе се раселени.

Министерката за клима Шери Реман изјави за Ројтерс дека земјата се справува со „хуманитарна катастрофа од епски размери“.

Затоа Пакистан побара дополнителна меѓународна хуманитарна помош.

Реман рече дека нејзината земја сега минува низ својот осми циклус на монсуните, „додека обично има само три до четири циклуси на дожд“, пренесува Би-Би-Си.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.