Попладнево локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Loading...

Во земјава времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 35 степени, Маврово 26, Охрид 30, Битола 33, Кавадарци 36, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 37 степени Целзиусови.
До вторник (27 август) во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

loading...