Поради овие 5 играчки децата најчесто завршуваат во болница: Педијатарот откри кои подароци никогаш не треба да му ги купувате на детето

Педијатарот од итна помош, Меган Мартин, на TikTok сподели пет играчки кои родителите не треба да ги даваат на своите децa. Како што тврди, станува збор за играчки кои можат да доведат до сериозни повреди.

Мартин ги издвои играчките со батерии: „Играчките со мали батерии се затворени со евтини, ситни завртки. Батериите со копчиња буквално можат да убијат дете и тоа го прават секоја година“.

Малите батерии се опасност од задушување а поради хемиската смеса во внатрешноста на батериите доаѓа до ерозија на хранопроводникот  што може да има катастрофални последици.

Следни на нејзината листа се малите гумени топчиња.

„Тие се продаваат како сензорни играчки, но децата можат да ги проголтаат. Бидејќи се шират во вода, можат да отечат и да предизвикаат блокада на цревата “, предупредува Мартин. Таа додава дека можат да им направат проблеми и на домашните миленици.

На трето место се електричните скутери за кои вели дека претставуваат ризик од паѓање и сериозни повреди. Истото важи и за ховербордот, кој е следната играчка што таа ја наведе.

„Децата ги кршат подлактиците и лактата на нив, а понекогаш имаат и сериозни повреди на главата”.

Последното нешто што таа го спомна е дека трамболините предизвикуваат најголем дел од повредите кај децата. Според некои проценки, повеќе деца се повредени при скокање на трамболина отколку играње фудбал.

Пронајдете не на следниве мрежи: