ПОРАЗИТЕЛНО: Македонците се најнесреќни во регионот

Loading...

Македонците се најнесреќни во регионот, покажува листата на Обединетите нации објавена денес.
Македонија, од вкупно 150 земји, е на 94-то место. Со тоа, нашата држава според индексот на среќата е последна во регионот и најнесреќна од земјите од поранешна Југославија.
Од државите од екс Југославија најсреќни се Словенците кои се на 29 место, Косово на 33, Србија на 48, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 64, Црна Гора на 72 и најнесреќни се Македонците на 94 место.


Последни на листата се Руанда, Зимбабве и Авганистан.
На врвот се Финците и тие се најсреќен народ. Финска и покрај пандемијата на коронавирусот, го одбрани името за најсреќна држава во светот и е на прво место четврта година по ред.
По Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, а на 10 место е Австрија.
Класификациите се засноваат на статистичките податоци од истражувањето на „Галуп“, за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќни. Потоа се земаат фактите како што се бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, очекуваниот животен век на граѓаните, слободите кои ги уживаат, перцепцијата на корупцијата во владата и економските субјекти.
Истражувањето спроведено за мрежата SDSN (Sustainable Development Solutions Network) при Обединетите нации, објавено е пред Светскиот ден на среќата кој се одбележува во сабота, 20-ти март.

loading...