Поранешниот главен истражител во случајот на Писториус даде отказ од полиција

Loading...

Поранешниот главен истражител во случајот на Оскар Писториус, Хилтон Бота, дал отказ и ја напуштил полицијата, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјална изјава на полицијата во Јужна Африка.

Пред две недели беше сменет главниот истражител Бота, откако се појави информацијата дека и против него се покренати седум обвиненија за обид за убиство.
Имено, Бота во 2011 година, со уште двајца колеги, е обвинет дека во пијана состојба пукал кон минибус преполн со патници. Иако обвинението е повлечено за кратко време, во среда повторно е поднесена, а почетокот на судењето на Бота го очекува кон средината на мај.
На Писториус му се суди за убиство на својата девојка Рива Стинкамп. Таа беше застрелана на 14 февруари, а Писториус тврди дека ја убил случајно, мислејќи дека е крадец.
Сепак, доказите на местото на злосторството, како и контрадикторните изјави на некои сведоци, упатуваат на тоа дека Писториус можеби знаел дека во бањата е Рива и дека намерно ја убил.
Обвинет е за убиство со предумисла, а еден од соседите за време на сведочењето потврди дека од домот на параолимпиецот често се слушале кавги. Парот, како што тврди соседот, се расправал и на самиот ден на убиството.
Макфакс
Поранешниот главен истражител во случајот на Оскар Писториус, Хилтон Бота, дал отказ и ја напу

loading...
Loading...