Поранешниот партнер ве привлекува но вие не сакате врска?

Дали би требало да практикувате сексуални односи со поранешните партнери? За доброто на вашето емоционално здравје, здравиот разум ви вели не.
Но, судејќи според двете студии објавени во научното списание „Archives of Sexual Behavior“, сексот со поранешниот партнер воопшто не е лош избор и нема да го успори процесот на преболување, дури и ако раскинувањето било болно, пишува „Maxim“.
Во првата студија, која ја спровеле истражувачи на три престижни универзитети, 113 парови кои неодамна раскинале, одговарале на прашања за односот со поранешните партнери. Некои од прашањата биле дали имаат физички контакт, колку биле поврзани и како се чувствувале на крајот од денот.


Во второто истражување, кое го спровеле истите научници, прашале 372 луѓе како се чувствуваат после сексот со поранешните партнери, односно дали и понатаму биле емоционално поврзани со нив.
Двете истражувања утврдиле дека сексот со поранешните партнери дефинитивно не предизвикува дополнително „кршење на срцата“ , дури и ако тоа го направите повеќе пати, како што тоа го направиле повеќето луѓе вклучени во истражувањето.
Понатаму, тие кои рекле дека се чувствуваат најмногу емоционално поврзани за своите поранешни љубовници, највеќе барале секс, веројатно затоа што се обидувале да ја пополнат својата болна емоционална дупка, која настанала после раскинувањето.
Но, можеби најважниот дел кој го откриле научниците е тоа дека сексуалниот однос со поранешните партнери не бил причина за поединци да се чувствуваат лошо после раскинувањето. Напротив – се чувствувале позитивно поради целата ситуација.
Научниците велат дека, наместо да се осудуваме, подобро да се посветиме на критичко размислување за мотивација и желба за секс со поранешниот партнер/ка.