Пороен дожд и грмежи, можна појава на силен ветер и град

Loading...

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на дожд и грмежи.

loading...