Посебен сообраќаен режим во Скопје

Loading...

Денес и утре, од 7 до 17:30 часот, одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Скопје, заради одржување на кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.
Натпреварот, кој го организира „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе биде на потегот од крстосница на булевар “Крсте Петков Мисирков“ и булевар “Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар “Гоце Делче“ и улица “Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица “Владимир Комаров“ и улица “Беласица“ во Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

loading...