Поскапе струјата за 7,4 проценти, ефтината тарифа останува

Loading...

Поскапе струјата за 7,4 проценти, ефтината тарифа останува

Сметките за следниов месец на граѓаните ќе им бидат повисоки за 7,4 проценти. Марко Бислимовски првиот човек на Регулаторна комисија рече дека тоа нема значително да се одрази врз буџетот на потрошувачите. Енергетските компании барале струјата да поскапи околу 23 проценти, но Регулаторна тоа не го прифатила, а отфрлено е и барањето за укинување на евтината струја.

„Јас знам дека со оваа одлука влијаеме врз крајните потрошувачи и тоа од прилика на една просечна потрошувачка некаде на околу илјада и 500 денари сметка зголемувањето на месечните трошоци ќе биде приближно за 100 денари. Во наредниот период Регулаторната комисија за енергетика имајќи ја предвид ситуацијата со оваа пандемија одлучи да нема укинување на евтината тарифа.“, рече Бислимовски.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...