Последно испраќање на Уго Чавез

Loading...

Најмалку 20 шефови на држави ќе присуствуваат на испраќањето на починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез, чие тело, на кого почит од средата му оддадоа два милиони луѓе.

Телото на Чавез е изложено во воената академија во Каракас. Токму поради тоа властите на Венецуела одлучија, по примерот на Ленин и Мао Цедунг да го балзамираат телото на покојниот претседател. По последното испраќање неговото тело ќе биде изложено уште најмалку седум денови, изјави потпретседателот Николас Мадуро. Чавез почина во вторникот по двегодишната борба со ракот. Во кома паднал во понеделникот, откако болеста се проширила и на белите дробови. На погребот на Чавез ќе присуствуваат повеќето претседатели на јужноамериканските држави, вклучувајќи го и кубанскиот Фидел Кастро, најавено е присуство и на шефот на иранската држава Махмуд Ахмадинеџад, додека сеуште не е познато каква делегација ќе испратат САД. Актуелниот потпретседател на Венецуела Николас Мадуро, во петок ќе положи заклетва како привремен претседател и ќе ја води државата се до изборите кои треба да се одржат во рок од 30 дена.
Makфакс
Најмалку 20 шефови на држави ќе присуствуваат на испраќањето на починатиот претседател на Вене

loading...
Loading...