После ламборџини полицијата во Дубаи ќе патролира и со ферари

Loading...

Две недели откако на улиците во Дубаи полицијата се појави со ламборџини , вчера на таа должност додадоа и едно ферари , да ја зголемат сликата на луксуз и просперитет.
Новиот зелено- бел полициско автомобил е претставен пред новинарите , на највисоката зграда која се наоѓа на 828 метри над центарот на Дубаи. Ферари ФФ им е доверено на женската бригада на полицијата во Дубаи, за патролирање низ туристичкиот дел на градот.
Како и ламборџинито пред него , така и ова ферари нема да биде користен за лоц на многубројните прекршоци заради ограничување на брзината на патиштата во Дубаи.Туку тоа е задача на единицата опремена со „шевролет камаро“, неодамна воведени во служба на полицијата во Дубаи.

Воведувањето на овие луксузни возила во полициската служба е знак дека Дубаи се наоѓа во одлична економска состојба после кризата во 2008 година заради падот на цените со недвижности. Возниот парк на полицијата во Дубаи воглавно се состои од моќни германски автомобили и јапонски теренски возила.Две недели откако на улиците во Дубаи полицијата се појави со ламборџини , вчера на таа должност додадоа и едно ферари

loading...