После пресудата Талир 2, што се треба да се конфискува од партијата на Мицковски??

На списокот за конфискување се триесетина партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Кавадарци, Кисела Вода, Штип, Карбинци, Радовиш, Виница, Охрид, Пехчево, Демир Хисар, Лозово, Делчево, Кочани, Струга, Нов Дојран, Петровец, Гевгелија, Богданци, Градско, Каменица, Теарце и Новаци. Најголемата куќа што партијата ја купила се наоѓа во Битола и има над 300 квадратни метри, а најголемиот стан е во Скопје со 193 квадратни метри. Додека јавноста шпекулираше дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ вреди над 50 милиони евра, од партијата истакнаа дека тој не вреди ни 10 милиони евра. Во јануари 2018 година ВМРО-ДПМНЕ продал еден стан во Кисела Вода во вредност од 100 илјади евра. Партијата има имот во сите градови, но и во помалите општини и села.

Како се продал станот во Кисела Вода и кај завршиле парите никој не прашува нити кажува!

Претходниот претседател на таа партија Груевски повеќе години е во бегство и за случајот ТАЛИР 2 доби 6 години затвор.

Повеќе детали за случајот:

Највреден имот е седиштето на партијата, популарно наречената „Бела палата“ каде што, според катастарот, има деловен простор од 3.816 квадратни метри и земјиште од 1.240 квадратни метри. Исто така и популарно виканата „БЕЛА ПАЛАТА“ е на списокот за конфискација.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.