Посмртните останки на Коби и Џиџи предадени на семејството за погреб

Loading...

Хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана (13) и уште седум лица, од кои две деца, го шокираше светот, а по извршената идентификација со помош на отпечатоци од прсти на семејствата ќе им бидат проследени посмртните останки за да може да ги погребаат.
Останките на славниот кошаркар и ќерката ги превзема неговата сопруга Ванеса.
Бројни навивачи го опколија домот на ЛА Лејкер „Стејплс Центар“ за да се простат од Коби кој 20 години играше за клубот.

Оставените фотографии, маици, писма ќе бидат проследени до сопругата Ванеса во следните неколку денови.
-Ванеса ни се јави и ни кажа: „Моето семејство ги сака тие работи.“ Ќе го означиме секој предмет, маица, писмо, кошаркарска топка, плишана играчка. Ќе ги ставиме во посебни контејнери и ќе ги испорачаме до семејството, изјавила претседателката на управата на центарот.

loading...