Посна баклава со суви сливи

Loading...

Потребни состојки:
500 г кори за пита
250 г мед
500 г ореви
500 г суви сливи
1 лимон
1 дл масло
½ дл вода
500 г шеќер
Начин на подготовка:
Исечкајте ги сувите сливи и оревите. Премачкајте го тавчето за баклава со масло и наредете по 2 кори за пита, попрскајте ги со масло и мед и наросете ги со сечкани ореви и суви сливи. Повторете ја постапката додека да ги потрошите сите состојки.
Исечете ја баклавата на триаголници, попрскајте со масло и печете околу 30 минути на 180 степени.
Додека се пече баклавата, подгответе сируп. Промешајте вода со шеќер и сок од еден лимон па варете го сирупот на тивок оган додека да се згусне.
Прелијте ја баклавата со сирупот и оставете ја да се излади за да го впие сирупот.

loading...