Посна полнета фокача: Одличен избор и за вегетаријанците

Loading...

Оваа фокача е лесна за правење, полна е со зеленчук и многу е вкусна.
Еве што сè ви е потребно:
– 300 мл. млака вода
– 20г. шеќер
– 1 лажица шеќер
– малку сол
– 50 мл. маслиново масло
– 450 гр. брашно
За фил:
– 2 црвени пиперки
– 1 кисела краставица
– неколку маслинки
– 5 чешниња лук
– крупна сол

Подготовка:
Квасецот потопете го во млаката вода и додадете шеќер. Кога ќе “надојде“, додадете го брашното, солта, малку масло и замесете меко тесто. Покријте го и оставете го на топло 30 минути.
Наредете ги сецканите пиперки, сецканите маслинки и киселата краставичка. Лукот исечете го на пола, па ставете го во тестото. Посолете со крупната сол и со ким и додадете уште малку масло.
Оставете малку да порасне, па печете на 220 степени околу 20-30 минути. Откако погачата ќе се испече, извадете ја од рерна и малку покријте ја.

loading...