Посни похувани риби: Одличен предлог како да ја направите омилената храна

Loading...

Посно похување во пиво со пченкарно брашно и гриз од пченка (палента).
Вака може да се направи било каков вид риба (морска, од река, а одлично е и за сите видови флети), посни ќофтиња, тиквични, модар патлиџан, печени пиперки и уште многу други видови зеленчук.
Состојки:
– 1кг. риба
– 3 лажици брашно
– 2 лажици палента
– 1 лажица ситна црвена пиперка
– 1 лажица сенф
– 2 прстофат сол
– малку бибер
– 200/230мл. кисела вода
– 200гр. презла
– масло за длабоко пржење, околу 600мл.


Подготовка:
Рибата исецкајте ја како што ви одговара, исушете ја во салфетка и посолете. Направете смеса од сите наведени состојки, освен презлата.
Ставете ги парчињата риба во подготвената смеса, а потоа во презлата. Пржете на жешко масло, доколку се поголеми парчињата, поставете ја температурата на ринглата на средина. Послужете со маринада од лук, лимон, компир салата или помфрит.

loading...