Посно, без алергени и ТОЛКУ здраво! Како се прави млеко од компири?

Loading...

Времето кога кравјото млеко беше единствено достапно е одамна минато, а се повеќе луѓе се свртуваат кон хербалните верзии на овој пијалок. По лешникот, кокосот, овесот, бадемот и другите здрави варијанти на млеко, на светскиот пазар сега се појави и компирово млеко за кое светските медиуми пишуваат дека е вистински хит.
Прво беше претставено од шведската компанија Veg of Lund, која го нарече своето млеко од компири Dug. Рецептот според кој го направиле го добиле од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која направила кремаста „компир емулзија“ во 2017 година, а потоа оваа компанија ја претставила на клиентите во Шведска, Кина и Велика Британија во три варијанти: оригинал, бариста и незасладена.
Се вели дека содржи многу антиоксиданси, есенцијални хранливи материи како што се витамините Ц и Б12, калиум, магнезиум и влакна, а неговиот вкус е неутрален, па може да се збогати со состојки кои ќе му дадат арома, како и да се користи за готвење.
Набргу откако оваа варијанта на растително млеко го привлече вниманието на јавноста, се појавија многу рецепти за домашно подготвување млеко од компир, а ова е наједноставниот.
Состојки:
3 чаши топла вода
1 голем компир
малку сол
1 лажичка екстракт од ванила
една шака сечкани бадеми
2 лажици мед
Подготовка:
Излупете ги и варете во три чаши топла вода. Потоа исечете ги компирите и ставете ги во блендер, истурете ја водата во која се варени, додадете екстракт од ванила, медот, бадемите и блендирајте најмалку пет минути. Исцедете преку газа.

loading...
Loading...