Постои причина зошто сте дополнително уморни за време на менструацијата

Кога се борите со грчевите, со крварењето и со сите други несакани ефекти од менструацијата, дефинитивно сакате да се чувствувате подобро што е можно поскоро. Ви треба многу енергија за да се справите со сите проблеми што доаѓаат во тој период. Но, за жал, тој период од месецот ја троши целата ваша енергија. Постои дури и здравствена причина зошто сте толку уморни за време на менструацијата.


Постои причина зошто сте дополнително уморни за време на менструацијата
Десет дена пред да започне менструацијата, вашето тело се надева дека јајце-клетката ќе биде оплодена од сперматозоид и ќе почне да расте нов живот во матката. Кога јајце-клетката ќе остане неоплодена, хормоните што се потребни за време на бременоста сега веќе не се потребни и како резултат на тоа, нивното ниво одеднаш се намалува. Кога ќе се случи тоа, вашето тело поминува низ фаза на опаѓање на нивото на хормони од високо на нула, а оваа промена предизвикува и некои други промени во организмот кои го доведуваат вашето тело во состојба на замор. Нивото на хормоните почнува повторно да расте една недела по почетокот на менструацијата и врвот го достигнува за време на овулацијата (приближно две недели по почетокот на менструацијата). Колку што е повисоко нивото на вашите хормони, толку повеќе енергија имате.
Во деновите кога се чувствувате како зомби, препорачливо е да вежбате, да се хидрирате, да јадете редовни и здрави оброци и да спиете најмалку 8 часа во текот на ноќта. Меѓутоа, ако ниту една од овие мерки не ви помогне, имајте на ум дека енергијата ќе ви се врати за неколку дена.

Loading...