Постојат 4 вида кујнски крпи – дали знаете која за што е најдобра?

Loading...

Веројатно имате неколку различни кујнски крпи дома и веројатно ги користите сите за иста цел. Сепак, секоја крпа има своја специфична намена, па некои се подобри за бришење, а некои за сушење.
Постојат 5 вида кујнски крпи – дали знаете која за што е најдобра?
Фротиски крпи
Фротирот е исклучително мек и добро апсорбира, што го прави супериорен во работата со течности. Добро е да имате фротирски крпи во близина за сушење садови и раце, а тие се корисни и за чистење големи излевања и дамки од течности.
Иако тие се добра, еколошка замена за хартиените крпи кога станува збор за апсорпција, не треба да користите фротирски крпи за чистење одредени материјали, како што се стакло или не’рѓосувачки челик, бидејќи оставаат многу влакна.


Рамно ткаени крпи
Овие крпи се помали и може да ги чувате при рака за секојдневна употреба. Иако тие се „порамни“ од фротирските крпи и затоа не апсорбираат толку многу вода, тие апсорбираат доволно за да се исушат садовите или да се избрише работната плоча. Бидејќи нема да остават влакна или траги зад себе, тие се одлични за бришење уреди од не’рѓосувачки челик.
Двострани крпи
Двостраните крпи, кои се рамни од едната страна и фротирски од другата страна, го нудат најдоброто од двата света: една апсорбирачка страна за чистење и една без влакна за сушење. Одлични се за бришење влажни садови или за чистење и сушење. Исто така, можете да ги користите двостраните крпи за работи надвор од кујната, како што се миење на надворешноста на прозорците и чистење на мебелот или автомобилот.
Крпи од микрофибер
Крпите од микрофибер се одлични за многу задачи. Кога се влажни, собираат микроби, нечистотија и мали трошки од површините, а кога се суви, добри се за отстранување прашина и влакна од домашните миленици. Исто така, тие функционираат одлично со секое средство за чистење во спреј.
Крпите од микрофибер се одлични за чистење на речиси секоја површина. Можете да ги користите на не’рѓосувачки челик, хром, прозорци и огледала.
Треба да внимавате и да не користите омекнувач при перење на крпите од микрофибер. Омекнувачот може да остане во влакната и подоцна да остави траги на стаклото и на другите површини.

loading...