Потона чамец со мигранти во Турција

Loading...

Припадниците на турската крајбрежна стража почнаа акција за потрага и спасување на 10 мигранти, кои исчезнале откако денес во Егејското Море потона нивниот чамец. Не е познато од која земја се мигрантите.
Како што јавува “Анадолија“ чамецот потонал крај брегот на Дикилија, во провинцијата Измир, во близина на грчкиот остров Лезбос. Спасувачката операција започнала откако двајца мигранти успеале да допливаат до брегот и да побараат помош.

 

loading...