Потпечени макарони со колбаси

Loading...

Потребни состојки:
500 г макарони
Колбаси по желба
200 г сирење
200 г пасирани домати
100 мл масло
2 чешниња лук
Сол, бибер, чили
Начин на подготовка:


Исечканите колбаси испржете ги на масло. Додајте исечкан лук, прелијте со домати и посолете. Варете до посакуваната густина. Сварете ги макароните. Исцедете ги и додајте ги во тавата со колбасите и доматите. Додајте зачини и префрлете ги во сад за печење.
Пред печење додајте рендано сирење. Запечете ги во рерна на 190 степени. Печете 10 минути. Послужете го јадењето со салата по ваша желба.

loading...