Потребен е полициски час од 21 часот во Македонија

Loading...

Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа. Потребна е некоја, брана, бариера да се стави која ќе ја сопре оваа стихија, предупредува д-р Драган Данаиловски.
Тој побара строги рестриктивни мерки и без сентименталности.
-Тоа значи полицики час и не од 23 часот туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми-вели Данаиловски

loading...