Потребна ви е ударна доза на витамин Ц, ако пушите цигари ова мора да го знаете!

Loading...

Витаминот Ц е незаменлив имуностимулатор. Нормалната дневна доза од витамин Ц е од 60 -100 мг. Меѓутоа приемот на витамин Ц зависи од многу фактори: употребата на контрацептивни лекарства, голема физичка активност, присуство на некоја болест, пушењето (при пушењето на пример се редуцира ефектот на витамин Ц, со секоја испушена цигара се разградува од 25 – 100 мг од витаминот во телото), па затоа пушачите треба да земаат ударна доза витамин Ц.
Тоа важи и за луѓето над 45 годишна возраст.
Приемот на витамин Ц е неопходен и при ослабен имунитет, а особено по време на зимските месеци како превенција од вируси и настинки. Имуниот систем опаѓа под влијание на различни фактори меѓу кои: пушењето, загадениот воздух, стресот, нездрава исхрана, неправилна употреба на антибиотици и др.
Витаминот Ц има својство да ги неутрализира овие штетни влијанија. Учествува и во разградувањето на бактериите, вирусите и раковите клетки. Луѓето кои консумираат редовно витамин Ц имаат многу поактивни бели крвни зрнца, кои се одговорни за заштита на организмот.

loading...