ПОТРЕБНО Е РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА ДА ГИ ОДНЕСЕМЕ ВО УШТЕ ПОГОЛЕМА ИЗОЛАЦИЈА: Чешкиот премиер најави уште посилен притисок од ЕУ по посетата на Киев

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска во Прага по враќањето од Киев апелираше дека е неопходно Русија уште повеќе да се изолира со санкции, а во линија за санкции е и Белорусија, која индиректно и помага на Русија во војната во Украина.

ПОТРЕБНО Е РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА ДА ГИ ОДНЕСЕМЕ ВО УШТЕ ПОГОЛЕМА ИЗОЛАЦИЈА: Чешкиот премиер најави уште посилен притисок од ЕУ по посетата на Киев

„Разговаравме за ефективноста на санкциите со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. санкциите во Европската унија не завршуваат, ние сме подготвени за понатамошни чекори кон развојот на ситуацијата“, рече Фијала.

Премиерот на Чешка, која претседава со ЕУ до крајот на оваа година, на прес-конференција рече дека сега се разгледува улогата на Белорусија во конфликтот и дали е неопходно да се заострат санкциите и против таа земја. .

„Белорусија не може да ја следи руската политика или Русија да избегнува санкции преку земји како Белорусија“, рече Фијала, а чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски додаде дека руските напади врз Украина доаѓаат и од територијата на Белорусија, која исто така ја снабдува Русија со оружје.

Чешкиот премиер ја критикуваше и Русија дека не го почитува договорот за извоз на жито од Украина.

„Мораме да најдеме начин да го обновиме тој пат со помош на земјите-учеснички во договорот, односно Украина и Турција. Чешка ќе ги поддржи на секој начин да го обноват тој важен пат бидејќи не можеме да си го дозволиме луксузот на дестабилизација поради до недостаток на храна, на пример во Африка“, рече Фјала.

Чешкиот премиер потсети дека во понеделникот, кога пристигна во Киев со неколку министри за консултации меѓу чешката и украинската влада, рускиот претседател Владимир Путин им приреди „добредојде“ на чешките министри со 55 ракетни напади.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан вети дека украинските бегалци кои добиле привремено засолниште, а во меѓувреме се вратиле во татковината, можат да се вратат во ЕУ.

„Русија ја напаѓа инфраструктурата, што може да резултира со нов бран бегалци кон Европа. Во Чешка издадовме 457.000 дозволи за привремен престој кои автоматски ќе бидат продолжени за една година“, рече Ракушан.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова за време на посетата на Киев разговараше со украинската страна како најефективно да се вклучи Чешка во обуката на украинските војници, најверојатно преку тринеделни или месечни курсеви, а имаше и разговори за компании кои би се занимавал со ремонт на украинското оружје и воена опрема.

Премиерот Фијала рече дека неговата посета на Киев заедно со седум министри е организирана за да ги увери украинските власти и Украинците дека Чешката Република и другите земји ќе продолжат да им пружаат воена и хуманитарна помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.