ПОТРЕСНО! Морничава снимка од ликвидација на поранешен украински функционер кој пребегнал во Русија

На социјалните мрежи и во медиумите се појавија вознемирувачки снимки од надзорните камери, на кои наводно се гледа драматичниот момент на убиството на Аскер Лешев, поранешен украински функционер кој пребегнал во Русија.

ПОТРЕСНО! Морничава снимка од ликвидација на поранешен украински функционер кој пребегнал во Русија

Лешев работел за Службата за внатрешна безбедност на Украина (СБУ) пред да се приклучи на Народната република Луганск, поддржана од Москва, како нејзин шеф на разузнавањето во 2014 година, објави Дејли Мејл.

Лешев, наводно, бил жив по експлозијата, но починал во болница неколку дена подоцна.

Како што оценува Дејли Мејл, оваа ликвидација потсетува на убиството на Иван Сушко во Запорожје оваа недела.

Неодамна објавеното видео од безбедносната камера покажува како автомобилот на Лешев наводно експлодира на улицата Шевченко во Старобилск, Луганск под руска контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.