Потрошил цело богатство за да личи на Мајкл Џексон: Погледнете како изгледа ова момче денес

За што повеќе да личи на покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон, 22-годишниот Аргентинец, Лео Бланко минал низ серија тешки и скапи операции на кои досега, според сопствена проценка, потрошил околу 30.000 долари.
Парите ги заработува настапувајќи како имитатор на кралот на попот, а ги троши за да изгледа како него.


И додека признава колку потрошил на операции, нема приближна идеја колку досега потрошил на различни козметички производи кои му помагале да изгледа како познатиот музичар.
-Кога еднаш ќе тргнете со операциите нема граници. Невозможно е да се оперираат еднаш или два пати, секогаш сакате уште, рекол Лео за бројните светски медиуми кои се интересираат за него.
Лео досега има единаесет пластични операции. Две биле потребни за да ги корегира ушите, четири зафати на носот, а минал и два третмани со хијалуронска киселина и ботокс за да ги промени јаболчниците. Имал и три липосукции.


Момчето себе се смета за уметник затоа што привлекол внимание врз себе. Признава дека се што денес прави е резултат на проблеми со самодовербата која ја имал во тинејџерксите денови.
-Никогаш не сум имал многу пријатели на училиште. Мислев дека нешто не е во ред со мене или со моето тело. Одев во теретана, ја бојадисував косата, се за да изгледам подобро. Иако завршив русокосо и мускулесто, моите врсници никогаш не беа заинтересирани за мене. А денес сум опкружен со луѓе кои ги сакам и кои ме сакаат, рекол Лео за Дејли мирор.
Како што вели, на операциите им немало крај. Смета дека требало да мине уште три операции на носот, а верува дека би требал да ја „доработи“ и брадата. Исто така, би сакал да има уште повеќе кренати веѓи, но верува дека тоа може да го направи со обични инекции.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.