Поучна приказна: Кој сака 50 евра?

Loading...

Си бил еден познат мотивациски говорник кој го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој ги запрашал присутните:
„Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Тој продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“
 Ја изгужвал банкнотата. Потоа пак запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се` уште?“ Рацете уште биле кренати.

 „Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.“
 
 „Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал. “ Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.“ Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста.
 Дали си бил валкан или чист, згужван или не, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според она што сме.
 Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги своите успеси, а не грижите и проблемите. Никогаш немој да се плашиш да пробаш нешто ново.
извор:lady.mkСи бил еден познат мотивациски говорник кој го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух

loading...