Похувани пилешки ролати

Loading...

4 парчиња пилешки гради
12 листови спанаќ
12 ленти кашкавал
2 јајца
100 г брашно
100 г лебни трошки
масло
сол и мелен црн пипер
Пилешките гради ги засекуваме на половина по должина и ги толчиме со чук. Посолуваме и наросуваме црн пипер.
На секое парче пилешки гради редиме по 3 листови спанаќ еден до друг за да го покрие месото.
Врз спанаќот редиме по 3 ленти кашкавал и виткаме ролати. Ги свалкуваме во брашно, во изматени јајца и во лебни трошки. Ги пржиме ролатите на загреано масло додека поруменат.


loading...