Почетокот на самитот на ЕУ одложен за два ипол часа

Loading...

Почетокот на самитот на челниците за земјите членки на Европската унија, кој требаше да започне во 15 часот во четврток, е одложен за два ипол часа за да се добие во време за доработка на компромисниот предлог за долгорочната финансиска рамка (MFF) за периодот 2014 до 2002 година.Од кругови блиски на претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, се дознава дека е потребно дополнително време за „фино и согласување“ на компромисниот предлог, кој ќе биде претставен на претставниците на земјите членки на почетокот од самитот кој сега треба да започне во 17.30 часот.Ван Ромпуј, како што пренесуваат агенциите, изразил во писмото со кое ги покани европските челници убедување дека е можно, со некои прилагодувања, да се постигне договор врз основа на неговиот предлог со самитот во ноември 2012 година, кога не беше постигнат таков договор.На самитот кој се одржа на 22-ти и 23-ти ноември, челниците на Европската унија не успеаја да се договорат за повеќегодишната финансиска рамка (MFF), клучниот документ со кој треба да се дефинира на кои приоритети ќе се трошат парите на Европската унија и се утврдуваат највисоките суми за сите буџетски ставки.Претседателот на Европскиот совет тогаш предложи сума од 972 милијарди евра, што е 1,01 отсто од бруто домашниот доход во Европската унија.Доколку во буџетот се вбројат и вонбуџетските програми, како на пример вселенската програма Galileo или, пак, ITER (Меѓународниот термонуклеарен пробен реактор), тогаш предлогот на ван Ромпуј се зголемува за повеќе од билион евра, што е за околу 80 милијарди помалку од предлогот на Европската комисија.Според последните неофицијални, ван Ромпуј би можел да предложи натамошно намалување до 956,9 милијарди евра во обврски, а во реалните плаќања малку повеќе од 900 милијарди евра.Европскиот буџет се изразува на два начина, низ преземените обврски и низ реалните плаќања и сумата во реалните плаќања секогаш е помала.
MakфаксПочетокот на самитот на челниците за земјите членки на Европската унија, кој требаше да започне во 15 часот во четврток, е одложен за два ипо

loading...
Loading...