Починал маж откако некој случајно го исклучил респираторот за да го вклучи клима уредот

Loading...

Маж на возраст од 40 години починал во државната болница во Индија, откако членовите на неговото семејство наводно го исклучиле респираторот од струја, за да го вклучат клима уредот.
Овој маж бил примен во болница неколку денови претходно, откако лекарите се посомневале дека има коронавирус, а поради отежнатото дишење бил сместен на специјално изолирано одделение за пациенти заболени од Ковид-19.
„Индија експрес“ наведува дека човекот бил во толку тешка состојба, што лекарите не го ни тестирале на Ковид-19, туку веднаш го ставиле на респиратор и започнале терапија.
Како што се наведува, во понеделникот наутро полниот Индиец во болницата го посетило семејството, кое не било задоволно од условите во кои престојува.


Бидејќи централниот систем за ладење во болницата бил исклучен за да се спречи ширење на коронавирусот, во собата во која лежел овој човек било повеќе од 40 степени целзиусови.
Поради тоа еден од членовите на семејството донел преносен клима уред, а за да го поврзат, случајно го исклучиле респираторот. Мажот починал, а со последователно тестирање било утврдено дека пациентот воопшто немал коронавирус, туку тежок облик на хронично опструктивно белодробно заболување.
„Кога го исклучиле респираторот од струја, апаратот автоматски се префрлил на резервно напојување, односно на батерија. Меѓутоа, батеријата се истрошила за половина час, после што пациентот починал. Кога забележало дека нешто не е во ред, семејството повикало медицинско лице, но веќе било доцна. Обдукцијата покажа дека пациентот починал од гушење“, навел д-р Навин Саксен од болницата „Махара Бимсинг“.

loading...